ОпштествоОпштински вестиСкопје

Уредување на зеленилото меѓу зградите на улица „Московска“ во Општина Карпош

Општина Карпош утре ќе почне со уредување на зеленилото меѓу зградите на улицата „Московска“ во Тафталиџе, во близина на пазарчето.

Скопје, 4 мај 2020 МИА) – Општина Карпош утре ќе почне со уредување на зеленилото меѓу зградите на улицата „Московска“ во Тафталиџе, во близина на пазарчето.

Од прес-службата на  Општина Карпош информираат дека комуналните служби на општината ќе ги кастрат сувите гранки и ќе го подготвуваат теренот за обнова на зеленилото, на потегот кој со години делуваше запуштено.

Најавуваат дека ќе засадат нова тревна површина и ќе постават систем за наводнување.

Оттаму посочуваат дека локалната самоуправа продолжува со интензивно одржување на постоечкото и подигнување на нови зелени површини.фф/лв/

Back to top button
Close
Close