Општински вестиСкопје

Уредување и осветлување на трим патеката во новиот парк во УЗ „11 Октомври – бараки“

Скопје, 5 февруари 2021 (МИА) – Почна уредувањето и осветлувањето на трим патеката во новиот парк во УЗ „11 Октомври – бараки“, каде во период од 15 денаќе бидат поставени вкупно 25 столбови со еколошки лед светилки. Новиот парк, информираат од Општина Кисела Вода, се простира на површина од 16.000 м2 и претставува еден од најголемите новоуредени паркови во град Скопје.

– За почеток, поставени се светилки кај детското игралиште, а за околу три месеци истиот ќе биде целосно осветлен. Во исто време, поставени се столпчиња за заштита на трим патеката од несовесни возачи, соопштуваат од општинската прес-служба.

Од Локалната самоуправа потсетуваат дека минатата година, во УЗ „11 Октомври – бараки“ од најзапуштената површина, на која несовесни граѓани создаваа депонија, Градот Скопје направи парк. -Во паркот, Општина Кисела Вода направи детско игралиште и парк за миленици, постави урбана опрема, а изработи и патеки од павер елементи. Покрај ова, Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општината, во должина од над 2 километри ја прошири/реконструира трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги, посочуваат од општината.

Увид во работните активности во паркот и на трим патеката извршија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ. фф/са/

Таг
Back to top button
Close
Close