Избрано

Урбаните шуми и ударот врз автомобилите: Како една социјалистка го трансформира Париз

Улиците низ Париз се раскопани и поделени на половина, а на местото на стариот асфалт ќе бидат направени десетици километри велосипедски патеки. Големата градска улица е затворена за автомобили и препуштена на пешаците.

6 декември 2018 година

Њујорк тајмс

Улиците низ Париз се раскопани и поделени на половина, а на местото на стариот асфалт ќе бидат направени десетици километри велосипедски патеки. Големата градска улица е затворена за автомобили и препуштена на пешаците.

Рекордните високи температури во јули го претворија градот во дистописки поглед за тоа што може да се случи. Бруталната топлина ги расчисти сите сомнежи на Ан Идалго: пристигнаа климатските промени.

Градоначалничката, со потекло од Шпанија, ги помина последните пет години обидувајќи се да го претвори милениумскиот град во позелена верзија. До крајот на летото, започнати се повеќе од 8.000 проекти, меѓу кои историски плоштади кои се прилагодуваат за пешаци.

Парижаните, но и туристите, сега можат да возат велосипеди покрај брегот на реката, заштитени од автомобили со гранитни сепаратори или низ целиот град, без оглед на метежот во сообраќајот.

Идејата на градоначалничката Хидалго е едноставна: за да се обезбеди за неизвесна иднина како резултат на климатските промени, Париз треба да се врати во минатото – кога имаше помалку автомобили.

– Започнавме програма за севкупна адаптација која има за цел во овој град да се врати природата, изјави Идалго.

Социјалистката, која ќе се кандидира на градските избори и следната година, привлече поддржувачи со нејзините напредни погледи, но и се здоби со илјадници непријатели на кои им ги наруши плановите.

„Таа е хистерична“, вели Хамса Хансал, која поседува десет такси возила. „Ништо освен стазите за велосипеди и градилиштата. Тотален хаос“.

Другите кои ја критикуваат градоначалничката, особено оние од редовите на десницата, ја обвинуваат дека спроведува еколошки експерименти на сметка на граѓаните.

Во 2001 година, 60 отсто од домаќинствата имаа автомобили, а денес тој процент изнесува 35.

– Помалку автомобили, но поголем метеж во сообраќајот, а тоа исто така влијае на нивото на загаденост, вели Пол Лекроар од Агенцијата за регионален урбанистички развој во Париз.

Париз, од друга страна, се најде на осмото место на списокот градови кои се погодни за велосипедисти, од 17. на кое беше во 2015 година.

– Прилично е строга кога станува збор за автомобилите“, вели за градоначалничката професионалниот градинар Дарно Гијем. „Но, мислам дека е во право. Луѓето се лути, но стана невозможно да се живее во Париз поради сообраќајот. Таа оди во вистинската насока“.

Една од нејзините најконтроверзни одлуки беше да се затвори 42-годишниот автопат по десниот брег на Сена и да се претвори во пешачка зона. Кејот сега е место за собирање на млади кои, кога ноќите се топли, организираат забави, а во контекст на расните и класните теми, стана и едно од најинтегрираните места во градот.

„Сите беа против неа за ова прашање“, истакнува Корин Лепаж, поранешна министерка на Франција за животна средина. „Тоа беше вистинско освојување на градскиот простор“.

Ан Идалго сега планира „урбани шуми“, дрвореди на брегот на реката и пред истакнати места како што се Операта Гарние, хотелот де Вил и железничката станица Гаре де Лион.

Лео Фуконе, експерт за урбанизам, ја пофали градоначалничката.

– Имаме проактивна политика, за разлика од другите градови во светот, истакна таа.

Но, тие закоравени борци за заштита на животната средина, кои растеа во времето на подемот на Зелените, не се толку убедени.

– Суштината на политиката за зачувување на животната средина е да се ограничи штетата“, вели Жак Буто, градоначалник на Вториот арондисман во Париз и член на Зелената партија. „Вие не можете да дозволите да се излие бетон, а потоа на него да засадите неколку стебла“.

Оние кои се поостри во критиките се загрижени за пријателскиот став на Градскиот совет кон инвеститорите. Кабинетот на градоначалничката испраќа двосмислени пораки, смета Антоан Пикон, архитектонски историчар на универзитетот Харвард. „Зелено, да, но ајде да продолжиме да ја охрабруваме изградбата во градот кој веќе е прегусто изграден. Париз се претвора во трговски центар“.

Вистина, духот на градот се менува на начини за кои Ан Идалго не зборува многу.

Вториот арондисман, централен дел на Париз, загуби 10 проценти од своето население од 2015 година, бидејќи цели семејства се исселуваат од него. Airbnb создаде цели населби на слободни станови и куќи. Просечната цена на квадрат достигна 11.000 американски долари, што го прави Париз еден од најскапите градови во светот.

Градоначалничката Идалго рече дека е свесна за проблемите и работи на нивно решавање.

– Париз не може да биде град само за победниците, рече таа. „Улогата на политичарите е да регулираат. И да се спречи овој град да стане таков“. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close