Svet.SlajderСветСвет.Портал

Ураганот Исаја ја погоди Северна Каролина

Исаја беше категоризирана како тропска бура, откако погоди острови на Карибите, но прерасна во ураган од категорија еден вчера. Две лица загинаа на Карибите од последиците на Исаја.

Вашингтон, 4 август 2020 (МИА) – Ураганот Исаја ја погоди Северна Каролина со налети на ветер кои достигнаа брзина од 140 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Исаја беше категоризирана како тропска бура, откако погоди острови на Карибите, но прерасна во ураган од категорија еден вчера. Две лица загинаа на Карибите од последиците на Исаја.

Ураганот Исаја е деветта бура по ред во САД оваа година. Американскиот центар за урагани претходно предупреди дека Исаја ќе предизвика поројни дождови, што може да резултира со поплавување на реки долж американскиот источен брег. зш/

Back to top button
Close
Close