Svet.SlajderСветСвет.Портал

Јункер за малку ќе ја запалел првата дама на Руанда (видео)

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер речиси за малку ќе ја запалел Џенет Кагаме, првата дама на Руанда.

Кигали, 13 април 2019 (МИА) – Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер речиси за малку ќе ја запалел Џенет Кагаме, првата дама на Руанда.

Инцидентот се случил на церемонија на одбележување 25-годишнина од геноцидот во таа африканска држава.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа моментот кога Јункер, држејќи голем факел во рацете, нагло се свртел без да види дека зад него стои токму сопругата на руандскиот претседател и ја допрел со пламенот.

Избегната е несреќа, но Јункер стана предмет на шегување на социјалните медиуми.

Западните медиуми потсетуваат дека Јункер е често мета на критики и многупати се поставува прашањето дали европскиот висок претставник има проблем со алкохолот. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close