Дописници МКДОпштински вести

Универзитетот во Тетово наставно-научниот процес продолжи да го реализира преку онлајн платформа

Канцеларијата за образование при Универзитетот во Тетово информира дека на сите нивни факултети наставниот процес се одвива преку онлајн платформата, форма на настава која е поддржана и прифатена од мнозинството студенти и професори.

Тетово, 1 април 2020 (МИА) Канцеларијата за образование при Универзитетот во Тетово информира дека на сите нивни факултети наставниот процес се одвива преку онлајн платформата, форма на настава која е поддржана и прифатена од мнозинството студенти и професори. Целта е да се одржи континуитетот на наставниот процес  и наука во академската 2019/2020 година во време на пандемија со КОВИД-19.  

Благодарение на функционирањето на овој систем, предавачите на тринаесетте факултети на Универзитетот во Тетово сега редовно предаваат, додека студентите вежбаат и бранат теми во првиот, вториот и третиот циклус, според утврдените критериуми. Многу образовни институции ја продолжија својата работа со алтернативни форми и методи, најчесто со искористување информатичката технологија. Овие тешки денови низ кои минува светот, сè повеќе нè убедуваат дека животните предизвици единствено може да се надминат со образованието и науката, истакнуваат од Универзитетот.

Овој начин на предавање и порано бил користен на Универзитетот и во процеси кога биле ангажирани визитинг професори од меѓународни универзитети, презентирање на научни студии на разни форуми, научни конференции, симпозиуми, учество во меѓународни образовни програми и слично. ас/ир

Таг
Back to top button
Close
Close