Дописници МКДОпштински вести

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола дистрибуира информативен плакат за заштита од Ковид-19

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во соработка со Општина Битола денес дистрибуира информативни постери,плакати со хигиено-технички упатства и  упатства за постапување со куќни миленици.

Битола, 28 март 2020 (МИА)

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во соработка со Општина Битола денес дистрибуира информативни постери,плакати со хигиено-технички упатства и  упатства за постапување со куќни миленици.

Цел на акцијата се дополнителни активности за превенција од ширење на епидемијата и за заштита на јавното здравје која заеднички ја иницираа ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.

На сите универзитетски единици дистрибуирани се постери што содржат неопходни информации за хигиенски практики поврзани со храната и домашните миленици. Активноста е координирана од кризниот тим на УКЛО, а Факултетот за биотехнички науки и Ветеринарниот факултет  подготвија соодветни стручни текстови за превенција и заштита од Ковид 19.

Со изработката на плакатите за заштита од пандемијата, УКЛО и Општина Битола ја потврдија својата взаемна соработка и во овој сегмент на заштита на јавното здравје како заедничка одговорност, се посочува во заедничкото соопштение.мт/ир

Таг
Back to top button
Close
Close