0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Универзитет во Тетово: Со лична и колективна хигиена да се минимизираат последиците од КОВИД-19

Дополнителни мерки за здравствена хигиена поради КОВИД-19 се спроведуваат во сите простории, како и надворешноста на кампусот на Универзитот во Тетово особено во овој период кога ќе се одржат испитни сесии во јуни и јули, информираат од тетовската високообразовна институција.

Тетово, 2 јуни 2020 (МИА) – Дополнителни мерки за здравствена хигиена поради КОВИД-19 се спроведуваат во сите простории, како и надворешноста на кампусот на Универзитот во Тетово особено во овој период кога ќе се одржат испитни сесии во јуни и јули, информираат од тетовската високообразовна институција.

Од таму потенцираат дека со грижа за лична и колективна хигиена ќе се минимизираат последиците од глобалната пандемија.

– Вработените од техничкиот персонал продолжија со редовна дезинфекција на предавалните на факултетите, кабинетите на професорите, административните канцеларии, спортските терени, како и сите останатите внатрешни и надворешни простории на Универзитетот во Тетово. Максимално сме посветени за непречено одвивање на наставно-научниот процес особено во овој период кога ќе се одржат јунски и јули испитни сесии, соопштуваат од Универзитетот.

Континуитетот на наставниот процес и наука во пролетниот дел од академската 2019/2020 година во време на пандемија со КОВИД-19 на Универзитетот се одвиваше преку интернет. Преку онлајн отворени денови, од 13 до 15 мај,  матурантите имаа се запознаа можностите за студирање на 50-тина студиски програми на 13 факултети со околу четири илјади слободни места. ас/цр

 

Back to top button
Close
Close