0_Магазин.ПорталАвтомобили

Уникатниот „Форд Шелби Кобра“ оди на наддавање

Се работи за целосно функционално возило, инспирирано од оригиналната „АЦ кобра“. Плановите за производство никогаш не беа реализирани, па автомобилот остана буквално единствен.

Лос Анџелес, 24 јуни 2021 (МИА) – Уникатниот редок концепт на „Форд Шелби Кобра“ оди на аукција во август. Проценките говорат дека новиот сопственик ќе треба да издвои значителна сума пари.

Се работи за целосно функционално возило, инспирирано од оригиналната „АЦ кобра“. Плановите за производство никогаш не беа реализирани, па автомобилот остана буквално единствен од својот вид и еден од најпрепознатливите концепти што Форд ги направил во поновата историја.  Дизајнот на пробниот концепт го надгледуваше Керол Шелби, па поранешниот потпретседател за развој – Крис Теодор и потпретседателот за дизајн на производи, Џ. Мејс.

Автомобилот има алуминиумска шасија, независна суспензија – предна и задна, како кај „Форд ГТ“, а тука се и сопирачките „Брембо“ и седумкраките ББС-тркала.

Се движи со 6,4-литарски алуминиумски В-10 мотор, со 605 коњски сили, поврзан со 6-степен рачен менувач од „Форд ГТ“.

Автомобилот е регистриран и подготвен за на автопат. Не е наведено колку километри досега има поминато. Познато е дека Шелби го возеше 240 километри на патека во Калифорнија за време на медиумски настан во декември 2003 година.  си/

Back to top button
Close
Close