0_Магазин.ПорталЗанимливости

Уникатна видеовенчавка во Сингапур поради страв од коронавирусот (видео)

Венчавките никогаш не се одвиваат како што е планирано, но стравот од коронавирусот резултираше со една уникатна прослава, без младенците.

Сингапур, 7 февруари 2020 (МИА) – Венчавките никогаш не се одвиваат како што е планирано, но стравот од коронавирусот резултираше со една уникатна прослава, без младенците.

Млада сингапурска двојка, Џозеф Ју и Канг Тинг, се вратиле од патување во Кина неколку дена пред венчавката и гостите биле загрижени дека биле изложени на коронавирусот.

Двојката смислила решение, па пријателите и семејството биле во салата без младенците кои организирале видеоповик од хотелска соба од која ги поздравиле гостите.

Младенците одржале и говор и наздравиле со гостите „од далечина“.

Двојката отпатувала за Кина на 24 јануари во Хунан, да ја прослават кинеската Нова година и се вратиле на 30 јануари. Венчавката била закажана за 2 февруари во Сингапур. Двојката веќе се венчала во Кина, а другата церемонија била планирана поради семејството и пријателите на младенците.

Во Азија е вообичаено одржување на две церемонии, особено кога младенците се од различни земји.

Во Сингапур досега се забележани 33 случаи на зараза. ки/сд/

 

Back to top button
Close
Close