СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

УНИЦЕФ со порака до Јужна Азија: Продолжете да ги вакцинирате децата

Јужна Азија мора да продолжи со кампањите за вакцинирање деца прекинати поради епидемијата на новиот коронавирус веднаш штом ќе се совлада пандемијата, бидејќи стотици илјади деца се изложени на ризик, предупреди УНИЦЕФ.

Њујорк, 28 април 2020 (МИА) – Јужна Азија мора да продолжи со кампањите за вакцинирање деца прекинати поради епидемијата на новиот коронавирус веднаш штом ќе се совлада пандемијата, бидејќи стотици илјади деца се изложени на ризик, предупреди УНИЦЕФ.

– Додека многу деца се чини дека не заболуваат  од Ковид-19, здравјето на стотици илјади деца би можело да биде погодено со прекин на вакцинацијата, рече Џин Гоф, директорка на таа агенција на ОН во Јужна Азија, изразувајќи загриженост за оваа „сериозна закана“

Бангладеш и Непал прекинаа со кампањи за вакцинирање против сипаници и рубеола, додека Авганистан и Пакистан, две од трите земји во кои сераспростанува детска парализа, ја прекинаа вакцинацијата против болеста, предупредува УНИЦЕФ во соопштението.

Агенцијата на ОН препорача владите во светот „веднаш да почнат со планирање акции за вакцинирање кога пандемијата ќе биде под контрола“. зш/

Back to top button
Close
Close