Svet.SlajderСветСвет.Портал

УНИЦЕФ: На пет милиони сириски деца им е неопходна помош поради војната

„Дете умира на секои 10 часа како резултат на војната во Сирија, соопшти денеска УНИЦЕФ и поднесе официјално барање за помош на сириските деца.

Њујорк, 13 март 2020 (МИА) – „Дете умира на секои 10 часа како резултат на војната во Сирија, соопшти денеска УНИЦЕФ и поднесе официјално барање за помош на сириските деца.

„Смртта и раселувањето се само два од животнозагрозувачките предизвици со кои се соочуваат децата во Сирија“, соопшти организацијата на ОН задолжена за детските права. Оттаму потенцираа дека со оглед на тоа дека војната  влегува во својата 10-та година, многу сириски деца не знаат ништо друго освен војна.

Во извештајот на УНИЦЕФ од 9 март беше соопштено дека од 2014 до крајот на 2019 година во Сирија се убиени 5.447 деца. Тие оценуваат дека на над пет милиони деца имаат потреба од помош во Сирија, и уште 2,5 милиони во соседните земји.

– Хуманитарната помош можеби не ја запира војната, но може да ги минимизира страдањата на оние кои се најмногу погодени, рече Кристијан Шнајдер, раководител на УНИЦЕФ Германија .

Тој на Твитер објави дека за два дена војната влегува во својата десетта година и ја сподели својата надеж дека „ужасната годишнина нема да биде важна во 2021 година“.

Во извештајот на УНИЦЕФ се вели дека досега има добиени само 40 проценти од средствата потребни за 2020 година и сè уште се соочува со недостиг од 682 милиони американски долари (610 милиони евра).

УНИЦЕФ Сирија соопшти дека од 2014 година па досега околу 2,6 милиони деца се внатрешно раселени во Сирија, а околу 2,5 милиони се регистрирани како бегалци во соседните земји. Вкупно 2,8 милиони деца не одат во училиште. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close