Svet.SlajderСветСвет.Портал

УНИЦЕФ и СЗО предупредуваат дека над 50.000 детски животи се загрозени поради пандемијата

Обединети нации денеска предупредија дека повеќе од 50.000 деца помлади од пет години би можеле да починат во текот на годината на Блиски Исток и во Северна Африка ако не се возобнови пружањето на здравствени услуги и вакцинацијата, што е нарушено поради пандемијата со новиот коронавирус

Аман, 15 јуни 2020 (МИА) – Обединети нации денеска предупредија дека повеќе од 50.000 деца помлади од пет години би можеле да починат во текот на годината на Блиски Исток и во Северна Африка ако не се возобнови пружањето на здравствени услуги и вакцинацијата, што е нарушено поради пандемијата со новиот коронавирус.

– Здравствените системи се под невиден притисок поради пандемијата со коронавирусот и иако нема многу случаи на коронавирусот помеѓу децата во тие региони, јасно е дека вирусот директно ќе влијае врз нивното здравје, се истакнува во заедничкото соопштение на Организацијата на ОН за децата (УНИЦЕФ) и Светска здравствена организација (СЗО).

Предупредувањето уследи откако голем број здравствени работници ги пренасочија напорите да одговорат на епидемијата.

– Покрај тоа, ограниченото движење и економските бариери дополнително го спречуваат пристапот на населението до здравстената заштита, се посочува во соопштението.

УНИЦЕФ и СЗО апелираат за „целосно и безбедно продолжување на кампањата за вакцинација и обезбедување на храна, со строги мерки на превенција против вирусот“. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close