Svet.SlajderСветСвет.Портал

УНИЦЕФ гради медицински центар за бегалците во Бангладеш

УНИЦЕФ почна со изградба на медицински центар во најголемиот бегалски камп во светот, што е лоциран во Бангладеш

Дака, 16 мај 2020 (МИА) – УНИЦЕФ почна со изградба на медицински центар во најголемиот бегалски камп во светот, што е лоциран во Бангладеш.

Одлуката за изградба на медицински центар со капацитет од 210 болнички кревети за изолација и третман на пациенти е донесена откако две лица се инфицирале со новиот коронавирус во бегалскиот камп во кој се сместени речиси еден милион Рохинџи, кои побегнаа од соседен Мјанмар.

Во 160-милионскиот Бангладеш, потврдени се околу 20.000 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 298 починале. Владата на Бангладеш ја суспендира речиси цела помош за бегалскиот капм, па затоа УНИЦЕФ одлучи да изгради медицински центар, со цел да се спречи ширење на епидемијата помеѓу бегалците. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close