Дописници МКДОпштински вести

УНХЦР донира заштитна опрема за општина Гевгелија

Претставник на УНХЦР од привремениот транзитен центар за бегалци „Винојуг“ во општина Гевгелија предаде 30 пакети со заштитна опрема против ширењето на Ковид-19, составена од заштитни маски, ракавици, антибактериски влажни марамчиња и гелови за раце.

Гевгелија,11 јуни 2020 (МИА) – Претставник на УНХЦР од привремениот транзитен центар за бегалци „Винојуг“ во општина Гевгелија предаде 30 пакети со заштитна опрема против ширењето на Ковид-19, составена од заштитни маски, ракавици, антибактериски влажни марамчиња и гелови за раце.

Покрај општина Гевгелија, пакети со заштитна опрема од УНХЦР денеска добија граничните полицајци, Центарот за јавно здравје, ПЕ Гевгелија како и ОВР Гевгелија, а во наредните денови акцијата ќе се спроведе во сите општински институции каде вработените се изложени на ризик од заболување со корона вирусот.

Во Гевгелија и околните населени места, каде има поголема концентрација на луѓе, УНХЦР спроведува акција за поставување информативен материјал со илустрации и натписи на повеќе јазици за доследна примена на заштитните мерки кои се значајни правила во борбата против предизвикувачот на пандемијата.

На средбата меѓу УНХЦР и општина Гевгелија се разговарало и за продолжување на соработката во насока на спроведување активности за заштита на бегалците и засегнатите лица кои се привремено сместени во ПТЦ „Винојуг“.им/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close