БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Унгарија ги отвори границите за српските државјани

Унгарија денеска ги отвори своите граници за државјаните на Србија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на граничниот премин Реске по средбата со српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ.

Белград, 25 мај 2020 (МИА) – Унгарија денеска ги отвори своите граници за државјаните на Србија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на граничниот премин Реске по средбата со српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, државјаните на Србија денеска од 10 часот можат да влезат во Унгарија без тест за Ковид-19 и карантин од 14 дена во соседната земја. Влегувањето во Унгарија е можно на сите девет гранични премини.

Како што изјави Сијарто, Србија е прва земја надвор од Европската унија со која Унгарија ги отвора своите граници, односно ги ублажи мерките за време на епидемијата на коронавирус, бидејќи и двете држави успешно се справија со епидемијата.

Министерката Јоксимовиќ истакна дека ова е важен настан за граѓаните од двете страни на границата, што е резултат на вистинското добрососедство.

Премиерот Ана Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека Србија полека ја отвора границата и дека одлуката за слободен влез во земјата е „дојдена навремено“, што според неа е особено важно за економијата.

Брнабиќ кажа дека е премногу рано за „победнички круг“, но дека ситуацијата со епидемијата на коронавирус е под контрола. об/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close