Svet.SlajderСветСвет.Портал

УНЦТАД предвидува драстичен пад на странските вложувања

Глобалните директни странски инвестиции би можеле да се намалат и до 40 проценти откако пандемијата со новиот коронавирус ги погоди  и мултинационалните компании, проценува Агенцијата на Обединети нации за трговија и развој (УНЦТАД)

Њујорк, 27 март 2020 (МИА) – Глобалните директни странски инвестиции би можеле да се намалат и до 40 проценти откако пандемијата со новиот коронавирус ги погоди  и мултинационалните компании, проценува Агенцијата на Обединети нации за трговија и развој (УНЦТАД).

УНЦТАД повеќе од двојно ја зголеми проекцијата објавена пред неколку недели, кога прогнозираше пад на вложувањата поради епидемијата од пет до 15 отсто.

Новата проценка најавува најголем пад на странските инвестиции во последните 20 години.

Странските инвестиции во 2019 година изнесуваа 1.390 милијарди американски долари.

Проекциите на ИНЦТАД се засноваат на извештаите за работењето на мултинационалните компании, кои имаат значителен удел во меѓународните вложувања. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close