Дописници МКДОпштински вести

Унапредување на родовата еднаквост во општина Гевгелија

Општина Гевгелија ќе биде дел од проектот за промоција на родово одговорни политики и буџети кон транспаретно, инклузивно и одговорно управување во Северна Македонија кој се спроведува преку телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.

Гевгелија, 16 април 2021(МИА) – Општина Гевгелија ќе биде дел од проектот за промоција на родово одговорни политики и буџети кон транспаретно, инклузивно и одговорно управување во Северна Македонија кој се спроведува преку телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.

– Локалната самоуправа на Гевгелија влегува во проектот како една од 10 општини во земјава со кои се проширува можноста за соработка и подршка за родово одговорно буџетирање со цел да го подобриме животот на жените и мажите како и на најранливите групи граѓани преку систематска и одржлива интеграција на родовата перспектива во сите фази на креирање политики и буџетирање, велат од општина Гевгелија.

Канцеларијата на телото на ОН за родова еднаквост обезбедува техничка и експертска подршка на општините за зајакнување на капацитетите на администрацијата и советниците преку нивната вклученост во континуираната програма и менторство.

Крајната цел на програмата е да даде придонес во имплементацијата на заложбите на општината во унапредувањето на родовата еднаквост. им/нд/

Back to top button
Close
Close