0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Јунајтед со прва понуда за Санчо, Дортмунд ја одби

„Црвените ѓаволи“ успеаја да завршат на третото место во Премиер лигата оваа сезона, со што обезбедија место во Лигата на шампионите следната година и со тоа се зголемија нивните шанси за привлекување на членот на англискатата репрезентација.

Дортмунд, 27 јули 2020 (МИА) – Манчестер Јунајтед ја достави својата прва понуда до Борусија (Дортмунд) за напаѓачот Џејден Санчо, пренесува „Билд“.

„Црвените ѓаволи“ успеаја да завршат на третото место во Премиер лигата оваа сезона, со што обезбедија место во Лигата на шампионите следната година и со тоа се зголемија нивните шанси за привлекување на членот на англискатата репрезентација.

Според изворот од Јунајтед, тие стапиле во контакт со Дортмунд и дале предлог од 89 милиони фунти за правата на крилото. Сепак, тие ја одбиле сумата, барајќи 20 милиони повеќе од тоа што го нуди англискиот тим.

Се верува дека од „Олд Трафорд“ се подготвени да направат втора понуда за да ги убедат „жолто-црните“ да се разделат со својот фудбалер.

Санчо е главната цел во следниот трансфер прозорец на Јунајтед, а се верува дека 20-годишниот играч веќе ги договорил личните услови со Манчестер.

Во текот на сезоната, Англичанецот има 20 голови и 20 асистенции на 44 натпревари за Борусија и се тврди дека на „Сигнал Идуна Парк“ веќе му бараат замена.

Таг
Back to top button
Close
Close