0_Спорт.ПорталФудбал

Јунајтед се врати на врвот, Солскјер со пофалби до Погба

Манчестер јунајтед се врати на првата позиција во премиерлигашкиот поредок по синоќешната победа на гостувањето кај Фулам со 2:1. Стрелецот на победничкиот гол, Пол Погба доби пофалба од својот тренер Оле Гунар Солскјер.

Лондон, 21 јануари 2021 (МИА) – Манчестер јунајтед се врати на првата позиција во премиерлигашкиот поредок по синоќешната победа на гостувањето кај Фулам со 2:1. Стрелецот на победничкиот гол, Пол Погба доби пофалба од својот тренер Оле Гунар Солскјер.

– Пол навистина влезе во форма. Тој е добар, способен да игра во средниот ред, создавајќи шанси, има удар. Конечно влезе во оптимална состојба и игра одлично на последните натпревари, истакна Солскјер.

Во тековната сезона, Погба одигра 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна четири гола и три асистенции. На последните пет средби, 27-годишниот Французин постигна два гола и направи една 1 асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close