0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Јунајтед се откажува од Грилиш

Откако клубот од Бирмингем го задржа своето место во Премиер лигата, еден од сопствениците, Насеф Сауирис, беше непоколеблив дека цената на играчот е најмалку 80 милиони фунти.

Манчестер, 29 јули 2020 (МИА) – Интересот на Манчестер Јунајтед за капитенот на Астон Вила, Џек Гриниш, значително се намали, пренесува „Скај Спортс“.

Откако клубот од Бирмингем го задржа своето место во Премиер лигата, еден од сопствениците, Насеф Сауирис, беше непоколеблив дека цената на играчот е најмалку 80 милиони фунти.

Поради оваа причина, „Олд Трафорд“ нема да продолжи да се обидува да преговара, бидејќи тие се свесни дека би било тешко да извлечат помала сума.

Наместо тоа, Јунајтед ќе направи напори да го привлече Џејден Санчо од Борусија Дортмунд, за кого ќе треба да платат дури и повеќе од тоа.

Во Манчестер се надеваа на испаѓање на Астон Вила, што ќе го олеснеше евентуалниот трансфер на Грилиш.

Таг
Back to top button
Close
Close