0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Јунајтед понудил да го плати Санчо во рок од три години

Според германското издание, „црвените ѓаволи“ не можат да платат 120 милиони евра одеднаш, што Борусија ги сака за 20-годишниот фудбалер. Англискиот клуб ќе понуди да ја подели исплатата на три дела: да плати 70 милиони евра преку следниот трансфер прозорец, 30 милиони евра една година подоцна и преостанатите 20 милиони евра во 2022 година.

Дортмунд, 3 август 2020 (МИА) – Манчестер Јунајтед ќе и понуди на Борусија (Дортмунд) да ја плати сумата за трансферот на Џејден Санчо на три дела, пренесува „Билд“.

Според германското издание, „црвените ѓаволи“ не можат да платат 120 милиони евра одеднаш, што Борусија ги сака за 20-годишниот фудбалер. Англискиот клуб ќе понуди да ја подели исплатата на три дела: да плати 70 милиони евра преку следниот трансфер прозорец, 30 милиони евра една година подоцна и преостанатите 20 милиони евра во 2022 година.

Санчо е дете на Манчестер Сити, а игра за Борусија од сезоната 2017/2018. Во последната кампања тој имаше 20 голови и 20 асистенции на 44 натпревари за германскиот тим.

Тој има одиграно вкупно 99 натпревари за вицешампионот во Бундеслигата и има 34 голови и 43 асистенции.

За репрезентацијата на Англија, Санчо има постигнато 2 гола на 11 натпревари.

Таг
Back to top button
Close
Close