0_Спорт.ПорталФудбал

Јунајтед не се откажува: Ја зголеми својата понуда за Фернандеш

Дополнителните бонуси кон предлогот вклучуваат уште 10 милиони евра што би биле платени на Спортинг Лисабон, доколку Фернандеш одигра одреден број на натпревари. Причината за овие постапки на Ед Вудворд е тоа што шпанска Барселона контактирала со своите колеги од Лисабон за да преговара за капитенот на „лисабонските лавови“.

Лисабон, 28 јануари 2020 (МИА) – Манчестер Јунајтед двапати ја зголеми својата понуда за Бруно Фернандеш, откако шпанска Барселона ја објави својата желба да го земе играчот. Втората понуда од англискиот тим вреди 55 милиони евра.

Дополнителните бонуси кон предлогот вклучуваат уште 10 милиони евра што би биле платени на Спортинг Лисабон, доколку Фернандеш одигра одреден број на натпревари. Причината за овие постапки на Ед Вудворд е тоа што шпанска Барселона контактирала со своите колеги од Лисабон за да преговара за капитенот на „лисабонските лавови“.

Се шпекулира дека „блаугранас“ понудиле пари и договор до 2025 година за Фернандеш, кој ќе игра како отстапен во Валенсија до летото 2021 година.

Така се очекува одлуката на играчот, кој треба да избере дали ќе ја продолжи кариерата во шпанскиот шампион или учесник во Лигата на Европа – Манчестер Јунајтед.

Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, понудата на „црвените ѓаволи“ е од 55 милиони евра + дополнителни 25 милиони евра. Тој исто така тврди дека португалската sвезда се договорила со Британците за петгодишен договор, па Спортинг мора да се согласи, а агентот на фудбалерот ја смета понудата за „ветувачка“.

Таг
Back to top button
Close
Close