0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Јунајтед не даваат повеќе од 50 милиони за Санчо

Причината за ова е што клубот од „Олд Трафорд“ нема намера да плати повеќе од 50 милиони фунти за англискиот талент ова лето. Барем така тврди „Скај Спорт“, повикувајќи се на зборовите на „високи функционери на клубот“.

Манчестер, 30 јуни 2020 (МИА) – Трансферот на Џејден Санчо од Борусија (Дортмунд) во Манчестер Јунајтед се чини е малку веројатен.

Причината за ова е што клубот од „Олд Трафорд“ нема намера да плати повеќе од 50 милиони фунти за англискиот талент ова лето. Барем така тврди „Скај Спорт“, повикувајќи се на зборовите на „високи функционери на клубот“.

Борусија сака двојно повеќе за една од нејзините најголеми sвезди.

Вчера, извршниот директор на „жолто-црните“ Ханс-Јоаким Вацке изрази уверување дека Санчо ќе остане, бидејќи никој во моментов не ја платил бараната сума за него.

Сепак, клубот веќе објави дека натпреварите без публика предизвикале загуби од 45 милиони евра. „Црвените ѓаволи“ се надеваат дека финансиските проблеми сè уште можат да ја присилат Борусија да ја намали цената на Санчо.

Според „Скај Спортс“, преговорите за Џуд Белингем би можеле да одиграат клучна улога во трансферот на Санчо, бидејќи 17-годишниот играч од средниот ред е цел на двата клуба.

Таг
Back to top button
Close
Close