0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Јунајтед фаворит за потписот на Санчо

Младиот фудбалер е оценет на околу 100 милиони фунти од Борусија Дортмунд и ова ќе биде цената што Германците ќе ја бараат за услугите на крилото. Играчот е посочен и како трансфер цел број еден од Оле Гунар Солскјер.

Манчестер, 3 март 2020 (МИА) – Манчестер Јунајтед е фаворит да потпише со еден од најпосакуваните млади играчи – Џејден Санчо наредното лето, пишува весникот „Телеграф“.

Младиот фудбалер е оценет на околу 100 милиони фунти од Борусија Дортмунд и ова ќе биде цената што Германците ќе ја бараат за услугите на крилото. Играчот е посочен и како трансфер цел број еден од Оле Гунар Солскјер.

Во Англија предвидуваат дека Санчо ќе ја избере понудата на „црвените ѓаволи“, иако за играчот се заинтересирани и Ливерпул, но медиумите додаваат дека тимот од Мерсисајд ги насочил своите напори на привлекување на напаѓачот на Р.Б. Лајпциг, Тимо Вернер.

Во исто време, „Мирор“ додава дека Јунајтед веќе направил предлог за 200.000 фунти неделна плата и петгодишен договор.

Џејден Санчо играше на академијата Ватфорд помеѓу 2007 и 2015 година, по што се пресели во Манчестер Сити.

Од 2017 година, англискиот репрезентативец го носи дресот на Борусија Дортмунд.

Таг
Back to top button
Close
Close