0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Јунајтед до последно ќе трепери за пласман во топ 4

Една рунда пред крајот, момчињата на Оле Гунар Солскјер собраа 63 поени и се искачија на третото место, но во последното коло можат да паднат на петтата позиција и да останат надвор од зоната на Лигата на шампионите.

Манчестер, 22 јули 2020 (МИА) – Манчестер Јунајтед одигра само 1-1 со Вест Хем во натпревар од 37. коло од англиската Премиер лига и ќе треба да трепери за своето место во топ 4 оваа сезона.

Една рунда пред крајот, момчињата на Оле Гунар Солскјер собраа 63 поени и се искачија на третото место, но во последното коло можат да паднат на петтата позиција и да останат надвор од зоната на Лигата на шампионите.

„Чеканите“ (14-ти на табелата) се спасија од испаѓање и во теорија, откако собра 38 поени.

Интересно е што во последното коло петтиот Лестер (62 бода) е домаќин на Манчестер Јунајтед и во случај на победа, „лисиците“ ќе го истуркаат рекордерот по титули во Премиер лигата од топ 4 доколку Челси (63 бода со натпревар помалку) земе барем еден бод вечерва од мечот со Ливерпул на гости или како домаќин на Вулверхемптон во недела.

Таг
Back to top button
Close
Close