Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Умерено силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција, неколку лица повредени

Умерено силен земјотрес, со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, денеска го потресе градот Озалп, во провинцијата Ван, во близина на турската граница со Иран. Ударот бил на длабочина од 6,9 километри под земјиното тло, соопшти Управата за вонредни состојби на Турција.

Анкара, 25 јуни 2020 (МИА)  – Умерено силен земјотрес, со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, денеска го потресе градот Озалп, во провинцијата Ван, во близина на турската граница со Иран. Ударот бил на длабочина од 6,9 километри под земјиното тло, соопшти Управата за вонредни состојби на Турција.

Земјотресот е регистриран околу 13 часот по локално време и се почувствувал и во соседните провинции, објави „ХаберТурк њуз“.

Гувернерот на провинцијата Ван, Мехмет Емин Билмез, изјави дека земјотресот предизвикал „умерено до силно“ оштетување на куќите во околу 15 населби во Озалп, како и во десетина блиски села.

Пет лица се хоспитализирани со полесни повреди што ги добиле додека бегале од оштетените куќи, изјави гувернерот.

-Ниту еден граѓанин не е заробен под урнатините, додаде тој. сд/

Back to top button
Close
Close