Временска прогноза

Умерено облачно, температурата до 13 степени

Скопје, 21 февруари 2021 (МИА) – Претпладне времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали

Утринската температура ќе се движи од -4 до 4, а дневната од 6 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне умерено до значително облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Во понеделник времето ќе биде претежно сончево. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе услови топење на снежната покривка на планините.

Back to top button
Close
Close