Временска прогноза

Умерено облачно и топло, попладне нестабилно со појава на пороен дожд

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Времето ќе биде умерено облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ=7

Во Скопје, умерено облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за изолирана појава на град. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

Back to top button
Close
Close