Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Умерен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит

Земјотрес со јачина од 4.5 степени според Рихтер беше регистриран претпладнево јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 3 јуни 2020 (МИА) – Земјотрес со јачина од 4.5 степени според Рихтер беше регистриран претпладнево јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил во морскиот дел, 75 километри јужно од градот Јерапетра.

За сега нема информации за повредени лица или за предизвикана материјална штета.ср/сд/

Back to top button
Close
Close