БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Умерен земјотрес на грчкиот остров Крит

Во два часот и 40 минути  по локално време, во морскиот дел, јужно од грчкиот остров Крит регистриран е земјотрес со интензитет  од 5.2 степени според Рихтеровата скала, јави дописничката на МИА од Атина

Атина, 19 мај 2020 (МИА) – Во два часот и 40 минути  по локално време, во морскиот дел, јужно од грчкиот остров Крит регистриран е земјотрес со интензитет  од 5.2 степени според Рихтеровата скала, јави дописничката на МИА од Атина.

За сега, нема информации за повредени или за причинета материјална штета.

Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, во изминатите 24 часа во истиот дел биле регистрирани над десет помали земјотреси. ср/ми/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close