Sport.SlajderОстанато

Ултрамаратонот „Ohrid Ultra Trail“ презакажан за септември

Второто издание на Планинарската трка позната како „Ohrid Ultra Trail“ наместо предвиденото во мај ќе се одржува во септември. Таква одлука донесоа организаторите на манифестацијата, последица на новонастанатата ситуација во Коронавирусот.

Охрид, 2 април 2020 (МИА) – Второто издание на Планинарската трка позната како „Ohrid Ultra Trail“ наместо предвиденото во мај ќе се одржува во септември. Таква одлука донесоа организаторите на манифестацијата, последица на новонастанатата ситуација во Коронавирусот.

Новиот термин е од 18 до 20 септември, а датумот е одбран внимателно за да не се поклопи со други настани во трчање и планинско трчање во регионот.

Организаторите се свесни дека вонредната ситуација натера многу организатори да ги презакажат своите настани во есенскиот период така што календарот за тој период ќе биде збиен.

За веќе пријавените тркачи подготвени се повеќе опции и тоа трансфер на уплатените средства за стартните пакети за презакажаната трка, потоа префрлање на средствата за трката наредната година, како и опцијата за целосно рефундирање на уплатените пари. аб/ев/

Back to top button
Close
Close