Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Улични нереди во Штутгард

Неколку германски полицајци се повредени во текот на ноќта во улично насилство што избувна во градот Штутгарт, потврди утрово локалната полиција.

Штутгард, 21 јуни 2020 (МИА) – Неколку германски полицајци се повредени во текот на ноќта во улично насилство што избувна во градот Штутгарт, потврди утрово локалната полиција.

– Ситуацијата беше целосно надвор од контрола, рече портпаролот на полицијата. Не е јасно каква е позадината на немирите.

Учесниците во немирите ги гаѓаа полицајците со камењата со кои се поплочени улиците и разбиваа излози во центарот на градот.

Неколку групи излегоа на улиците на центарот на градот и насилството избувна околу полноќ, а полицијата објави дека во немирите биле вклучени неколку стотици лица..

Продавници се ограбени во областа Шлосплац и во соседната главна трговска улица Кунигштрасен.

Има повредени лица, вклучително и полицајци, а полицијата уапси неколку лица, но не соопшти колкумина се уапсени.

Полицијата побара помош од сите расположливи специјални сили на подрачјето на дражавата Баден – Вутемберг. По неколку часа ситуацијата е ставена под контрола, но во центарот на градот се уште има силни полициски сили.

И во претходните викенди имаше судири со полицијата во тоа подрачје, но со далеку помали размери. ссм/

Back to top button
Close
Close