ЕвропаЕвропа.Портал

Украинскиот премиер демантира дека поднел оставка

Немам поднесено оставка и Државната Рада функционира нормално, изјави денеска украинскиот премиер Олексеј Хончарук на прес-конференција, одговарајќи на прашањето за можна реконструкција на Владата.

Киев, 26 февруари 2020 (МИА) – Немам поднесено оставка и Државната Рада функционира нормално, изјави денеска украинскиот премиер Олексеј Хончарук на прес-конференција, одговарајќи на прашањето за можна реконструкција на Владата.

Тој додаде дека за тоа не разговарал ниту со претседателот Володимир Зеленски, кој претходно истакна дека ќе се сретне со политичкиот ветеран Сергеј Тигипко, кого медиумите во Украина го прогласија за наследник на Хончарук. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close