Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Украинците евакуирани од Кина нападнати со камења на пат за санаториум

Украинците евакуирани од Кина заради коронавирусот се однесени во санаториум во градот Нови Санџари, а жителите на овој град се обиделе да го запрат минувањето на автобусите низ местото, гаѓајќи ги со камења.

Киев, 20 февруари 2020 (МИА) -Украинците евакуирани од Кина заради коронавирусот се однесени во санаториум во градот Нови Санџари, а жителите на овој град се обиделе да го запрат минувањето на автобусите низ местото, гаѓајќи ги со камења.

Дошло и до тепачка, но полицајците успеале да ги отстранат демонстрантите и да го обезбедат минувањето на автобусите со евакуираните од Кина, јавија украинските медиуми.

Заради судирот со полицијата неколку демонстранти се приведени.

За пренесување на евакуираните од Кина биле ангажирани седум автобуси. Лицата носеле инхалатори, додека возачите на автобусите биле облечени во специјални заштитни одела. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close