ЕвропаЕвропа.Портал

Украина од 2001 година загубила 11 милиони жители

Од последниот попис во 2001 година Украина загубила повеќе од 11 милиони луѓе поради миграцијата, анексијата на Крим и војната во источниот дел на земјатан, објави Владата.

Киев, 24 јануари 2020 (МИА) – Од последниот попис во 2001 година Украина загубила повеќе од 11 милиони луѓе поради миграцијата, анексијата на Крим и војната во источниот дел на земјатан, објави Владата.

Според владина студија, околу 37,3 милиони луѓе живеат на територии кои  ги контролира Киев и кои не го вклучуваат Крим или зони под контрола на сепаратистите, рече министерот без ресор Дмитро Дубилет.

– За жал, податоците не вклучуваат лица кои трајно живеат во странство и во окупираните територии. Ова е број на лица кои физички се во Украина, прецизира тој. Од тој број, 20 милиони се жени и нешто повеќе од 17 милиони се мажи, според извештајот што го претстави Дубилет.

Последниот официјален попис на  населението беше спроведен во 2001 година и беа попишани 48,5 милиони жители на оваа поранешна советска република. Покрај загубата на неколку региони, ваквиот голем пад на населението се објаснува со миграција на Украинците, објави Глиб Вишлински, директор на Центарот за економска стратегија во Киев.

Според истражувањето на центарот, околу 6,3 милиони Украинци ја напуштиле својата татковина од 2001 година, рече тој и предупреди на пад на наталитетот. Според истражувањето, Украинците претежно мигрираат во Полска и Русија. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close