0_Македонија.ПорталОпштество

УКЛО со ФИТР ќе го поттикнуваат студентското претприемништво и иницијативност

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе воспостават поинтензивна соработка за поврзување на знаењето, науката и иновациите. Тоа денеска го договорија проректорот на УКЛО Марјан Ѓуровски и директорот на ФИТР,  Коста Петров.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе воспостават поинтензивна соработка за поврзување на знаењето, науката и иновациите. Тоа денеска го договорија проректорот на УКЛО Марјан Ѓуровски и директорот на ФИТР,  Коста Петров.

Битолскиот универзитет соопшти дека е договорено УКЛО со поддршка на ФИТР во престојниот период да инспирира, едуцира и мотивира студенти млади претприемачи и претприемачки со тоа што ќе им обезбеди соодветна обука за создавање производи и услуги со локално, регионално и меѓународно влијание, со цел да ги зголемат капацитетите на Универзитетот, домашната економија и да создадат одржливо општество.

Во текот на февруари УКЛО и Фондот ќе одржат заедничка активност во Битола која, како што посочува Универзитетот,  ќе има задача да постави здрава основа да им помогне на студентите и професорите потенцијалните претприемачи од самата почетна фаза да го поттикнат иновативното размислување и да создадат можности да ги имплементираат и да ги финансираат своите идеи.

– Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ќе биде домаќин на директорот Петров и тим од ФИТР за преку заедничка хибридна конференција и работилница со студентите на Битолскиот универзитет да се информираат за финансиската поддршка што овој државен фонд им ја нуди на студентите, информира УКЛО. хс/лв/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close