Дописници СветЕвропа

Укинување на локални авионски линии во Франција за дестинации пократки од 2,30 часа со воз

Француската Влада предвидува укинување на домашните авионски линии за дестинации до кои се патува помалку од два часа и 30 минути со воз, јави дописникот на МИА.

Париз, 25 мај 2020 (МИА) – Француската Влада предвидува укинување на домашните авионски линии за дестинации до кои се патува помалку од два часа и 30 минути со воз, јави дописникот на МИА.

Ова денеска го соопшти францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, кој притоа не појасни од кога ќе се спроведува оваа мерка, нагласувајќи дека принципот веќе е прифатен.

Во интервју за телевизијата БФМТВ, Бруно Ле Мер понатаму најави, дека во текот на неделава ќе бидат соопштени од страна на Владата, одлуките кои се однесуваат на втората фаза од ублажување на рестриктивните мерки, воведени поради епидемијата на Ковид-19. Тој притоа изјави дека се залага за отворање на баровите и рестораните и, според него, во моментов работите се движат во добра наскока. тг/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close