0_Македонија.ПорталОпштество

Укината забраната за сообраќај на Плетвар

Од 07:55 часот утринава е укината забраната за сообраќај на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат.

Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) – Од 07:55 часот утринава е укината забраната за сообраќај на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат.

Од претпријатието информираат дека на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар задолжителна е употребата на зимска опрема за тешките товарни возила. За останатите возила, сообраќајот се одвива непречено во зимски услови. бк/бак/

Back to top button
Close
Close