Svet.SlajderСветСвет.Портал

Укината забраната за користење на дронови во Шри Ланка

Властите на Шри Ланка денеска ја укинаа забраната за користење на беспилотни летала, што беше воведена по терористичките напади за време на Велигден минатата година, при што загинаа 263 луѓе

Коломбо, 18 јануари 2020 (МИА) – Властите на Шри Ланка денеска ја укинаа забраната за користење на беспилотни летала, што беше воведена по терористичките напади за време на Велигден минатата година, при што загинаа 263 луѓе.

Укинувањето на забраната уследи по барањето на медиумските институции, странци, снимателите и фотографите на свадби и реклами.

И покрај анулирање на забраната, операциите на беспилотните летала и понатаму ќе бидат забранети во безбедносните и зоните со ограничено летање. Сите цивилни оператори на дронови ќе мора да добијат дозвола од Министерството за одбрана.

Беспилотни летала во Шри Ланка беа забранети во мај минатата година поради безбедносни проблеми, еден месец откако седум бомбаши-самоубијци од локалната муслиманска група Нешонал Товхид Џамат нападнаа три цркви и три луксузни хотели, при што загинаа 263, а повредени беа над 500 луѓе. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close