Svet.SlajderСветСвет.Портал

Укинат карантинот на крузерот „Ворлд дрим“ во Хонг Конг

Повеќе од 1.800 патници и речиси ист број членови на екипажот на крузерот „Ворлд дрим“ (World Dream), кои беа ставени под карантин во Хонг Конг заради стравувања  од зараза со коронавирус, добија дозвола да го напуштат луксузниот брод, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информација на весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ (South China Morning Post).

Хонг Конг, 9 февруари 2020 (МИА) – Повеќе од 1.800 патници и речиси ист број членови на екипажот на крузерот „Ворлд дрим“ (World Dream), кои беа ставени под карантин во Хонг Конг заради стравувања  од зараза со коронавирус, добија дозвола да го напуштат луксузниот брод, пренесоа агенциите, повикувајќи се на информација на весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ (South China Morning Post).

Весникот јавува дека на крузерот немаше потврдени случаи на зараза со коронавирус.

Исто така, се забележува дека бродот бил ставен под карантин заради стравувањата дека членовите на екипажот биле заразени од патниците од претходната тура на крузерот, кај кои беше потврден коронавирус. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close