0_Спорт.ПорталФудбал

Њукасл и Вулверхемптон се заинтересирани за Игуаин

Премиерлигашите Њукасл и Вулвс се заинтересирани да се засилат со напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, пренесе „Дејли експрес“.

Лондон, 24 мај 2020 (МИА) – Премиерлигашите Њукасл и Вулвс се заинтересирани да се засилат со напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, пренесе „Дејли експрес“.

Според изворот, двата англиски клуба сакаат да се обидат да се стекнат со 32-годишнот Аргентинец, кој најверојатно ќе го напушти Јувентус ова лето.

Од претходно, интерес за Игуаин пројавија аргентински Ривер Плата и клубови од американската МЛС лига.

Во сезоната 2019/20, Игуаин одигра 34 натпревари за Јувентус, постигна осум гола и направи осум асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на фудбалерота на 25,5 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close