0_Спорт.ПорталФудбал

Њукасл ја засилува одбраната со дефанзивец од Јунајтед

Лондон, 15 март 2020 (МИА) – Њукасл покажува силен интерес за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс, пренесува „Мирор“.

Дефанзивецот е еден од играчите кој не е меѓу првите избори на менаџерот Оле Гунар Солскјер и беше близу до заминување минатото лето, но сепак остана на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ бараат околу 12 милиони фунти за дефанзивецот, додава изданието, а менаџерот на „црно-белите“ Стив Брус го гледа играчот како шанса сериозно да ја засили конкуренцијата во одбраната.

По 29 одиграни натпревари од Премиер лигата, Њукасл се наоѓа на 13-то место со 35 поени.

Таг
Back to top button
Close
Close