БалканБалкан.Портал

Ѓукановиќ: Крадец сум, бидејќи им ја крадам илузијата за „голема Србија“

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска им порача на националистите кои го нарекоа крадец дека тие имаат право дза тоа, затоа што тој ја краде нивната илузијан која се вика „голема Србија“.

Цетиње, 22 јуни 2020 (МИА)Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска им порача на националистите кои го нарекоа крадец дека тие имаат право дза тоа, затоа што тој ја краде нивната илузијан која се вика „голема Србија“.

– Тие сметаат дека сум одговорен за тоа што спречив да бидат добри извршители на туѓиот проект од 2016 година. Веројатно сметаат дека сум одговорен што се обидуваат да го злоупотребат прашањето за религијата и да го искористат за големосрпски идеи, рече Ѓукановиќ на прес-конференција со хрватскиот колега Зоран Милановиќ во Цетиње.

Тој додаде дека е достоен во намерата да ги брани основните вредности на Црна Гора.

Стојам на браникот на таков план. Мислам дека го тестиравме во 90-тите, што заврши трагично, ако сме глупави да дозволиме повторно да се случи. Ние го браниме европскиот вредносен систем и сè додека сме на таа платформа, се чувствувам многу пријатно, рече Ѓукановиќ. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close