0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

Угриноска назначена за претседавач на Комитет за млади при Совет на Европа

Скопје, 28 март 2020 

Скопје, 28 март 2020 
Андреа Угриноска, претседателката на Советот за човекови права на ЛДП, е избрана за претседавач на советодавниот Комитет за млади при Советот на Европа, кој е дел од институционалниот систем на со управување на младинската политика на најстарата паневропска институција – заштитник на демократијата и човековите права на континентот.

-Од се срце и честитам на Андреа и ѝ посакувам успех. Нејзиниот избор одлично се вклопува во серијалот на добри вести од НАТО, ЕУ а еве сега и од Советот на Европа. Горди сме на квалитетниот кадар кој доживува меѓународни признанија и придонесува за угледот на нашата татковина, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.

-Тешко е да се остане позитивен и да се прослави овој успех во вакви тешки времиња. Сепак, чувстувам оргомна чест и благодарност за можноста да влијаам на општеството во времиња кога верувам дека тоа е најмногу потребно, вели Андреа Угриноска по нејзиниот избор.

Андреа Угриноска е од Скопје, моментално живее и работи во Лондон каде претходно беше Извршна Директорка на Светската Федерација на Либерална Младина – IFLRY, чиј е полноправен член Либерално-демократската младина. Пред заминувањето во Лондон, Андреа беше во Управниот одбор на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ).

Либерално-демократска партија 

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close