БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Угостителските објекти и кафулињата во Грција најавуваат шестдневен „клуч на врата“

Грчкото здружение на угостителски објекти и центри за забава, одлучи и им предлага на членовите од 16 до 22 септември да ги затворат кафулињата, баровите, рестораните и сл, во знак на протест, за како што велат, рамнодушноста на Владата за проблемите во нивниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 8 септември 2020 (МИА) – Грчкото здружение на угостителски објекти и центри за забава, одлучи и им предлага на членовите од 16 до 22 септември да ги затворат кафулињата, баровите, рестораните и сл, во знак на протест, за како што велат, рамнодушноста на Владата за проблемите во нивниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно доставуваат 20 барања меѓу кои ослободување од обврската за плаќање на општинските такси; дозвола за работа и по полноќ; ревидирање на постоечките мерки и забрани за работа на угостителските објекти и кафулињата; намалување на кириите, намалување на ДДВ-то на храната и кафето на шест отсто; даночни олеснувања и сл.

Велат дека во изминатиот период, од почетокот на пандемијата се обиделе да започнат дијалог со Владата, за одредени нивни предлози за заштита на конкретниот сектор, но наишле на незаинтересираност и затоа донеле одлука да одоговорат со „континуиран локдаун“. ср/ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close