Дописници МКДОпштински вести

Југоистокот избира проект за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, денеска почна со вториот циклус на регионални форумски сесии преку кои треба да се избере проект од областа на социјалната инклузија.

Струмица, 31 јануари 2020 (МИА) – Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, денеска почна со вториот циклус на регионални форумски сесии преку кои треба да се избере проект од областа на социјалната инклузија.

На првата форумска сесија учествуваат претставници од општините, невладините организации кои работат во делот на социјална инклузија и подрачните единици на Министерството за труд и социјална политика.

– Ќе бидат доделени средства во висина од 125.559,00 швајцарски франци и проектот ќе биде избран на партиципативен начин, рече Жулиета Ѓуркова, директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Според Васка Драшковиќ, модератор на регионалниот форум, југоисточниот регион лани имал успешен проект и се надева дека така ќе биде и годинава.

– Низ овие форумски сесии, кои ќе бидат вкупно четири, ќе имаме можност заедно со претставниците партиципативно да одлучат што е најприоритетно како проблем, но и да понудат и решение кое би било спроведено во рамки на проектниот фонд, рече Драшковиќ.

Лани беше одбран проект за поставување агро-метереолошки станици во Југоисточниот плански регион, преку кој се подигнати 23 станици и е одлично прифатен од земјоделците и образовните институции во регионот. рт/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close