Дописници МКДОпштински вести

Југоистокот годинава со рачно прскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте општини од регионот почна со третирање против комарци по земјен пат, информираат од Центарот.

Струмица, 19 мај 2020 (МИА) – Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте општини од регионот почна со третирање против комарци по земјен пат, информираат од Центарот.

– За разлика од претходните години каде што третирањето беше по авионски пат, оваа година за прв пат се донесе одлука за третирање по земјен пат, со надеж дека со овој метод ќе се постигне поголем ефект и превенција. Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 хектари, додаваат во информацијата од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Теренското третирање против ларви од комарци се врши со средство во вид на гранули кои се расфрлаат во плитка застоена вода и ваквото ларвицидно третирање не е штетно за луѓето, пчелните семејства, ниту за домашните миленици.

Второто третирање против ларви од комарци е предвидено на крајот во овој месец, а третирањето на комарци ќе се одвива во периодот од 6 до 11 јуни. рт/аа/

Back to top button
Close
Close