0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

УЕФА потврди дека може да ги исклучи Реал, Барселона и Јувентус од ЛШ

Генералниот секретар на Европската фудбалска федерација, Теодорос Теодоридис изјави дека организацијата може да ги отстрани Реал Мадрид, Барселона и Јувентус од Лигата на шампионите, бидејќи клубовите се основачи на Суперлигата.

Нион, 2 јуни 2021 (МИА) – Генералниот секретар на Европската фудбалска федерација, Теодорос Теодоридис изјави дека организацијата може да ги отстрани Реал Мадрид, Барселона и Јувентус од Лигата на шампионите, бидејќи клубовите се основачи на Суперлигата.

– Можно е. Ако клубовите не ги почитуваат правилата, тие можат да бидат исфрлени. Сè зависи од нив. Сите други клубови ги следеа правилата. Ова нема да биде лична одлука на претседателот на УЕФА или извршниот комитет на организацијата. Имаме јасна поделба на силите, Извршниот комитет и Управата на УЕФА не можат да влијаат врз работата на судството.

Овие три клуба се едни од најдобрите во светот. Сепак, за УЕФА, сите клубови се еднакви и ние браниме вредности како што се почит и еднаквост. Доколку клубовите ги прекршат правилата, тогаш тие мора да се соочат со последиците што треба да ги утврдат независни тела. Доколку клубовите не се согласуваат со одлуката на независните дисциплински органи, тие можат да поднесат жалба до Арбитражниот суд за спорт (CAS), изјави Теодоридис за „Марка“.

Во април, 12 врвни европски клуба – Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал, Челзи, Тотенхем, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Интер, Милан и Јувентус најавија создавање на Суперлигата. За неколку дена сите клубови освен Реал Мадрид, Барселона и Јувентус најавија повлекување од турнирот.

На 25 мај, УЕФА отвори дисциплинска постапка против овие клубови, беше објавено дека на трите екипи кои не се повлекоа од Суперлигата може да им биде забрането учество во европските натпреварувања. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close