0_Спорт.ПорталФудбал

УЕФА отвори истрагата за дискриминација на натпреварот Германија – Унгарија

Европската фудбалска асоцијација започна истрага за можни случаи на дискриминација на натпреварот од групната фаза на ЕВРО 2020 Германија - Унгарија (2:2).

Нион, 25 јуни 2021 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација започна истрага за можни случаи на дискриминација на натпреварот од групната фаза на ЕВРО 2020 Германија – Унгарија (2:2).

УЕФА назначи инспектор за етика и дисциплина за да ја испита ситуацијата. Не се соопштуваат конкретни причини за иницирање на истрага.

Пред натпреварот, УЕФА не дозволи употреба на осветлување на „Алијанц Арена“ во Минхен во боите на виножитото, со образложение дека акцијата ќе биде од политички карактер.

За време на интонирање на унгарската химна пред почетокот на мечот, еден навивач истрча на теренот со знамето на виножитото во рацете, облечен во дрес на германската репрезентација. Исто така, за време на изведбата на националната химна на Унгарија, дел од германските навивачи свиркаа, а за време на химната на Германија, навивачите на Унгарија го свртеа грбот на теренот.

За потсетување, на 15 јуни унгарскиот парламент донесе измени и дополнувања на повеќе закони со кои се забранува „прикажување и унапредување на родовиот идентитет, освен полот при раѓање, промена на полот и хомосексуалноста“ на лица под 18-годишна возраст. Особено, на наставниците во земјата им беше забрането да ја нарекуваат хомосексуалноста нормална форма на сексуално однесување за време на часовите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close